Поставување на е-пошта
Користете ја апликацијата за е-пошта во својот уред за да испраќате и примате пораки на е-пошта
преку својата сметка на е-пошта. Може да имате една или повеќе сметки на е-пошта во исто
време, вклучувајќи службена сметка на Microsoft Exchange ActiveSync.
Поставување сметка за е-пошта
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Е-пошта.
3
Следете ги упатствата на екранот за да го завршите поставувањето.
За некои услуги за е-пошта, ќе треба да побарате информации од давателот на услуги за
деталните поставки за сметката за е-пошта.
Додавање на сметка на е-пошта
1
Од вашиот Почетен екран, допрете jа опцијата .
2
Најдете и допрете ја опцијата Е-пошта.
3
Ако користите неколку сметки за е-пошта, допрете
, а потоа допрете Додај сметка.
4
Внесете ја адресата за е-пошта и лозинката, потоа допрете Следно. Доколку поставките
за сметката за е-пошта не може да се преземат автоматски, завршете го поставувањето
рачно.
5
Кога ќе ви биде побарано, внесете име за својата сметка за е-пошта за да може лесно да
се идентификува.
6
Кога ќе завршите, допрете го Следно.
Поставување сметка за е-пошта како своја стандардна сметка
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Е-пошта.
3
Притиснете , потоа допрете Поставки.
4
Одберете ја сметката што сакате да ја користите како стандардна сметка за пишување и
испраќање пораки по е-пошта.
5
Обележете го полето за избирање Стандардна сметка. Секојпат кога ќе ја отворите
апликацијата за е-пошта ќе се појави дојдовното сандаче на стандардната сметка.
Доколку имате само една сметка за е-пошта, таа автоматски е вашата стандардна
сметка.