Sony Xperia T3 - Збир на функции

background image

Збир на функции

На екранот има заштитна пластична фолија. Фолијата мора да се отстрани пред да се користи
екранот на допир. Во спротивно, екранот на допир може да не функционира правилно.

Вметнување микро SIM-картичка

Користете пенкало со танок врв или друга слична алатка за вметнување на микро SIM-
картичката.

7

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

1

Со задниот дел на уредот свртен кон вас, вметнете го ноктот во процепот меѓу капакот на
отворот за микро SIM-картичка и задниот дел на уредот, па извлечете го капакот.

2

Со златно обоените контакти свртени кон вас, вметнете ја микро SIM-картичката во
нејзиниот отвор додека не слушнете звук на заклучување.

3

Повторно ставете го капакот на отворот за микро SIM-картичката.

Доколку вметнете микро SIM-картичка додека уредот е вклучен, тој автоматски ќе се
рестартира.

Вметнување мемориска картичка

Користете пенкало со танок врв или друга слична алатка за вметнување на мемориската
картичка.

1

Вметнете го нокотот на прстот во празнината меѓу капакот на мемориската картичка и
уредот, а потоа одделете го капакот.

2

Ставете ја картичката во отворот за мемориска картичка со златно обоените контакти
свртени кон вас, а потоа туркајте ја кон отворот сѐ додека не слушнете звук на
заклучување.

3

Повторно ставете го капакот на мемориската картичка.

Отстранување на микро SIM-картичката

1

Отстранете го капакот од отворот за микро SIM-картичката.

2

Користејќи пенкало со танок врв или друга слична алатка, притиснете ја микро SIM-
картичката навнатре и потоа ослободете ја брзо.

3

Повлечете ја картичката кон надвор и отстранете ја целосно.

4

Повторно ставете го капакот на отворот за микро SIM-картичката.

8

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Отстранување на мемориската картичка

1

Вклучете го уредот и отстранете го капакот на отворот за мемориска картичк.

2

Користејќи пенкало со танок врв или друга слична алатка, притиснете ја мемориската
картичка навнатре и потоа ослободете ја брзо.

3

Повлечете ја картичката кон надвор и отстранете ја целосно.