Sony Xperia T3 - Интернет and MMS поставки

background image

Интернет and MMS поставки

За испраќање мултимедијални пораки или за пристап на Интернет кога нема достапна Wi-Fi®
мрежа, мора да имате активна конекција со мобилни податоци со точни поставки за Интернет и
MMS (Multimedia Messaging Service). Еве неколку совети:

За повеќето мобилни мрежи и оператори, поставките за Интернет и MMS се претходно
инсталирани на уредот. Тогаш може веднаш да започнете со користење на Интернет и да
испраќате мултимедијални пораки.

Во некои случаи, ќе ја добиете опцијата за преземање на поставките за Интернет и MMS првиот
пат кога ќе го вклучите уредот со вметната SIM-картичка. Овие поставки можете и подоцна да ги
преземете од менито Поставки.

Може во секое време рачно да ги додадете, измените или избришете поставките за Интернет и
MMS во уредот. Контактирајте со својот мрежен оператор за детални информации.

27

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Ако не можете да пристапите до Интернет преку мобилна мрежа или ако не работат
мултимедијалните пораки, дури и тогаш кога поставките за Интернет и ММЅ се успешно
преземени во вашиот уред, погледнете ги советите за решавање проблеми за вашиот уред на
www.sonymobile.com/support/ за проблеми во врска со мрежна покриеност, мобилни податоци и
ММЅ.

Преземање поставки за Интернет и ММЅ

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе… > Поставки за интернет.

3

Допрете го Прифати. Откако успешно ќе ги преземете поставките, во лентата за статус
се појавува , а мобилните податоци се вклучуваат автоматски.

Доколку поставките не може да се преземат на уредот, проверете ја јачината на сигналот
од мобилната мрежа. Преместете се на отворена локација без пречки или приближете се
до прозорец и обидете се повторно.

Проверување дали мобилни податоци се вклучени или исклучени

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи.

3

Проверете дали полето за избор Мобилен сообр. на податоци е обележано или
не.

Рачно додавање на поставките за Интернет и ММЅ

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи.

3

Допрете го Имиња на пристапна точка > .

4

Допрете Име и внесете име по желба.

5

Допрете го APN и внесете го името на пристапната точка.

6

Внесете ги сите потребни информации. Ако не знаете кои информации се бараат,
контактирајте го вашиот мрежен оператор за повеќе детали.

7

Кога ќе завршите, допрете jа опцијата , па потоа опцијата Зачувај.

За да ги видите преземените поставки за Интернет и ММЅ

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи.

3

Допрете го Имиња на пристапна точка.

4

За да видите повеќе детали, допрете на која било од достапните ставки.

Ако имате неколку достапни конекции, активната мрежна конекција ќе биде означена со
обележано копче .

Бришење на сите поставки за Интернет и ММЅ

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи.

3

Допрете го Имиња на пристапни точки, па допрете го .

4

Допрете го Ресетирај на стандардно. Избришани се сите поставки за Интернет и
ММЅ.