Sony Xperia T3 - Заклучување на екранот

background image

Заклучување на екранот

Има неколку начини на заклучување на екранот. Нивото на безбедност на секој тип заклучување
на екранот е наведено подолу од најслабо кон најјако:

Лизгање - нема заштита, но имате брз пристап до почетниот екран

Отклучување со лице - уредот се отклучува кога ќе погледнете во него

Шема за отклучување - нацртајте едноставна шема со прстот за отклучување на уредот

PIN

за отклучување - внесете нумерички PIN од најмалку четири цифри за отклучување на

уредот

Лозинка за отклучување - внесете алфанумеричка лозинка за отклучување на уредот

Многу е важно вие да ја запаметите вашата шема за отклучување на екранот, PIN бројот
или лозинката. Ако ги заборавите овие информации, невозможно е да се вратат важните
податоци како што се контактите и пораките.

Поставување на функцијата за отклучување со лице

1

Од својот Почетен екран, допрете ја > Поставки > Безбедност > Заклучување
екран
.

2

Допрете Отклучување со лице, па следете ги инструкциите на уредот за да си го
сликате лицето.

3

Откако лицето успешно ќе се сними, допрете Продолжи.

4

Изберете резервен начин за отклучување и следете ги инструкциите на уредот за да го
завршите поставувањето.

За најдобри резултати, сликајте се внатре на место што е добро осветлено, но не
пресветло и држете го уредот во висина на очите.

Отклучување на екранот со функцијата за отклучување со лице

1

Активирајте го екранот.

2

Гледајте во уредот од истиот агол под којшто ја сликавте фотографијата за отклучување со
лице.

Доколку функцијата за отклучување со лице не ве препознае, мора да го користите
резервниот начин за отклучување на екранот.

38

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Креирање шема за заклучување на екранот

1

Од почетниот екран, допрете ја .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Безбедност > Заклучување екран >
Шаблон.

3

Следете ги инструкциите на уредот.

Доколку шемата за заклучување се одбие петпати по ред при отклучување на уредот,
треба да почекате 30 секунди за да се обидете повторно.

Промена на шемата за заклучување на екранот

1

Од својот Почетен екран, допрете ја .

2

Најдете и допрете Поставки > Безбедност > Заклучување екран.

3

Нацртајте ја шемата за отклучување на екранот.

4

Допрете Шаблон и следете ги инструкциите на уредот.

Да креирате PIN за отклучување на екранот

1

Од вашиот почетен екран, допрете го > Поставки > Безбедност >
Заклучување екран > PIN.

2

Внесете нумерички PIN.

3

Доколку е потребно, допрете го за да ја минимизирате тастатурата.

4

Допрете го Продолжи.

5

Потврдете го вашиот PIN.

6

Доколку е потребно, допрете го за да ја минимизирате тастатурата.

7

Допрете го OK.

Креирање лозинка за заклучување на екранот

1

Од вашиотr Почетен екран, допрете го > Поставки > Безбедност >
Заклучување екран > Лозинка.

2

Внесете лозинка.

3

Доколку е потребно, допрете го за да ја минимизирате тастатурата.

4

Допрете го Продолжи.

5

Потврдете ја вашата лозинка.

6

Доколку е потребно, допрете го за да ја минимизирате тастатурата.

7

Допрете го OK.

Промена на типот на заклучување на екранот

1

Од почетниот екран, допрете ја .

2

Најдете и допрете Поставки > Безбедност > Заклучување екран.

3

Следете ги инструкциите на уредот и одберете друг тип на заклучување на екранот.