Пристапување до поставки
Видете ги и изменете ги поставките на својот уред од менито Поставки. До менито Поставки се
пристапува од екранот со апликации и од панелот Брзи поставки.
Отворање на менито за поставки на уредот од екранот со апликации
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки.
Отворање на паното со брзи поставки
•
Повлечете ја лентата за статус надолу со два прста.
Одбирање на поставките за прикажување на паното со брзи поставки
1
Повлечете ја лентата за статус надолу со два прста, а потоа допрете Уреди.
2
Одберете ги брзите поставки што сакате да се прикажат.
Преуредување на паното со брзи поставки
1
Повлечете ја лентата за статус надолу со два прста, а потоа допрете Уреди.
2
Допрете и држете на покрај брзата поставка, па преместете ја до саканото место.