Управување со датотеките со помош на компјутер
Поврзете го уредот со компјутер на Windows
®
со помош на USB-кабел за пренесување и
управување со своите датотеки. Откако ќе ги поврзете двата уреда, можете да влечете и спуштате
содржина меѓу уредот и компјутерот или меѓу внатрешната меморија на уредот и SD-картичката
користејќи го истражувачот на датотеки во компјутерот.
Ако имате персонален компјутер или Apple
®
Mac
®
компјутер, може да ја користите апликацијата
Xperia™ Companion за пристап до системот на датотеки на уредот.