Sony Xperia T3 - Елементи

background image

Елементи

Елементите се мали апликации што може да ги користите директно од почетниот екран. Тие
функционираат и како кратенки. На пример, елементот за време ви овозможува да ги видите
основните временски информации директно од почетниот екран. Но кога ќе допрете на елементот,
се отвора целосната апликација за време. Дополнителни елементи може да преземете од Google
Play™.

18

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Додавање елемент на почетниот екран

1

Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира, па потоа
допрете го Елементи.

2

Најдете и допрете го елементот којшто сакате да го додадете.

Менување големина нa елемент

1

Држете го елементот допрен додека не се зголеми и додека уредот не почне да вибрира,
па пуштете го. Ако големината на елементот може да се менува, на пример, елементот
Календар, ќе се појават истакната рамка и точки за менување големината.

2

Влечете ги точките навнатре или нанадвор за да го намалите или зголемите елементот.

3

Допрете каде било на Почетен екран за да ја потврдите новата големина на елементот.

За да преместите додаток

Допрете го и задржете го елементот додека не се зголеми и уредот не почне да вибрира, а
потоа повлечете го до новата локација.

За да избришете додаток

Допрете го и задржете го додатокот додека не се зголеми и не почне уредот да вибрира, а
потоа повлечете го кон .

Додавање елемент на екранот при заклучување

1

За да го активирате екранот, кратко притиснете го копчето за вклучување .

2

Лизгајте навнатре од горната лева област на екранот сè додека не се појави , потоа
допрете.

3

Доколку е потребно, внесете PIN-код, шема или лозинка за отклучување на екранот.

4

Најдете го и допрете го елементот што сакате да го додадете.

5

Доколку е потребно, следете ги инструкциите на екранот за да се заврши додавањето на
елементот.

Не може автоматски да додавате елементи на екранот при заклучување За да ја вклучите
оваа функција, допрете Поставки > Безбедност и потоа обележете го полето за
избирање Вклучи елементи.