Мени на почетниот екран на албумот
Преку менито на почетниот екран на албумот може да пребарувате низ сите фотоалбуми,
вклучувајќи ги албумите со фотографии и видеа снимени со камерата, како и и содржина што ја
споделувате на интернет преку услуги како што се PlayMemories, Picasa™ и Facebook. Штом ќе се
пријавите на таквите услуги, може да управувате со содржината, да коментирате за фотографиите
и видеата и да прегледувате коментари од пријателите. Од апликацијата Албум, може исто така
да додавате гео-ознаки на фотографии, да извршувате задачи со основно уредување и да
користите методи како што се безжичната технологија Bluetooth® и е-пошта за споделување
содржини.
1
Прегледувајте фотографии и видеа користејќи ја услугата PlayMemories Online
2
Врате се на почетниот екран на апликацијата Албум
3
Прегледувајте ги сите фотографии и видеа снимени со камерата на уредот
4
Прегледувајте ги сите фотографии и видеа зачувани во уредот во различни папки
5
Прегледувајте ги омилените фотографии и видеа
6
Прегледувајте ги сите фотографии со лица
7
Прегледувајте ги своите фотографии на мапа или во режимот глобус
8
Прегледувајте фотографии и видеа на Facebook™
90
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
9
Прегледувајте фотографии и видеа на Picasa™
10
Прегледувајте фотографии со користење на онлајн услугата Flickr™
Услугата PlayMemories Online не е достапна во сите земји или региони.
Прегледување фотографии од онлајн услуги во апликацијата Албум
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Албум, потоа повлечете го надесно левиот раб од почетниот екран на
албумот.
3
Допрете ја саканата онлајн услуга, потоа следете ги инструкциите на екранот за да
започнете со неа. Се прикажуваат сите достапни онлајн албуми што сте ги поставиле на
услугата.
4
Допрете некој албум за да ја прегледате содржината, потоа допрете фотографија во
албумот.
5
Потчукнете налево за да ја прегледате следната фотографија или видео. Потчукнете
надесно за да ја прегледате претходната фотографија или видео.
Прегледување и коментирање содржина на онлајн албуми
1
Кога прегледувате фотографија од онлајн албум, допрете го екранот за да се прикаже
алатникот, па допрете за да ги прегледате коментарите.
2
Внесете ги вашите коментари во полето за внесување, па допрете Објави.
За да означите „ми се допаѓа“ фотографија или видео на Facebook™
•
Додека гледате фотографија или видео од некој од вашите албуми на Facebook™, допрете
го екранот за да го прикажете алатникот, па допрете го за да покажете на Facebook™
дека тоа „Ви се допаѓа“.